Социјалната мрежа Instagram пробува на свој начин да го канализира бесот на корисниците поради проблемите со апликацијата, поради што воведе нова можност за пријавување проблеми.
Шефот на Instagram, Адам Мосери им се обрати преку Twitter на корисниците на оваа социјална мрежа и најави нова можност поврзана со ситуации кога апликацијата не работи како што би требало. Во овие ситуации, многу корисници стануваат нервозни, а Instagram им овозможи да се ослободат од стресот со тресење на мобилниот телефон. После тоа, на екранот ќе се појави опција преку која ќе може да се пријават проблеми како потешкотии со објавување фотографии, недостаток на звук во клиповите и слично.
Covering ✌️ this week:
– Carousel Deletion (finally!)
– Rage ShakeDid you know about these ?s? Any other features you’d like me to cover? Let me know ? pic.twitter.com/Yx0q4UGFfb
— Adam Mosseri ? (@mosseri) November 17, 2021
Благодарение на овие повратни информации, Instagram ќе може да го оптимизира својот процес за поправање грешки.
Засега, оваа функција е достапна само за корисниците на Instagram во САД на иOS и Android уредите.
Сепак, некои може да претераат со „искалување“ на гневот, што би можело да доведе до паѓање на смартфоните и нивно оштетување.
Поврзани артикли