Squid Game во октомври официјално стана најгледана серија на Netflix на сите времиња, а стримерот денес соопшти дека ги собори сите рекорди на гледаност и генерално стана нивна најгледана содржина досега.
Стриминг-гигантот ги објави податоците на новоотворената веб-страница која ги прикажува неговите најпопуларни серии и филмови на глобално ниво и во повеќе од 90 земји.
„Првата сезона од Squid Game имаше 1,6 милијарди часови гледани во првите 28 дена од објавувањето и помина девет недели на листата 10 најдобри серии на Нетфликс. Само минатата недела собра 42.790.000 гледани часови во светски рамки.“
На второ место е филмот Red Notice („Црвено известување“) со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс во главните улоги, кој е прегледан 148,7 милиони часа на глобално ниво откако дебитираше на 12 ноември на Netflix.
Најпопуларна серија минатата недела беше третата сезона на серијата Narcos: Mexico со 50,3 милиони гледани часови.
Секој вторник, Netflix ќе ја ажурира страницата Top10 on Netflix со најдобрите 10 серии и филмови на стриминг-услугатa.
Поврзани артикли