Јапонскиот суперкомпјутер Fugaku е на врвот на уште една светска листа најбрзи суперкомпјутери. Овојпат го зазеде првото место на меѓународниот проект „Топ 500″, објави телевизијата НХК.
Fugaku првпат беше признаен како најбрз во светот во јуни 2020 година. Со полн капацитет, тој беше лансиран во март оваа година во компјутерскиот центар на Јапонскиот државен институт за природни науки во Кобе. Создаден е од корпорацијата Fujitsu заедно со стручњаците на Институтот.
Компјутерот може да изврши повеќе од 442 квадрилиони пресметки во секунда. Тоа е околу трипати поголема брзина од онаа на суперкомпјутерот „Самит” во Националната лабораторија на САД во Оук Риџ, Тенеси, којшто е на второто место.
На третото место е уште еден американски суперкомпјутер – Sierra.
Fugaku се користи за повеќе од 100 истражувања, вклучително и тоа за пандемијата, за развојот на вештачката интелигенција и временска прогноза. Носи едно од имињата на планината Fuji, што е света за Јапонците.