Државната корпорација „Ростех“ за првпат претстави беспилотна модификација на лесниот тактички авион од петтата генерација Checkmate, кој го разви компанијата „Сухой“ (Обединетата воздухопловна корпорација).
„Беспилотната верзија на ова летало можете да ја видите на новата видеоврска, која денеска на интернет сервисот „Јутјуб“ ја објавија државната корпорација „Ростех“ и Обединетата воздухопловна корпорација (ОАК), како и во новиот информативен специјален проект“, го пренесува ТАСС соопштението на информативната служба на Ростех“.
Едномоторниот авион Checkmate беше премиерно претставен на саемот на воздухопловство МАКС-2021 во Русија, каде што беше прикажан неговиот прототип.
При проектирањето на новиот авион се користени резултатите од работата над ловецот Су-57. Иако визуелно имаат одредени сличности, Checkmate ќе биде значително полесно летало, поточно ќе спаѓа во категоријата лесни тактички ловци. Што се однесува до конструкцијата, Checkmate ќе биде направен по стелт-технологија. Ќе има внатрешни отсеци во кои ќе се сместуваат ракети од различен тип и дострел. Ќе има нова нова авионика и способност за управување со беспилотни летала. Су-75 Checkmate ќе може да достигне брзина до 1900 км/ч, а неговиот борбен радиус изнесува 3 илјади километри.
Рускиот ловец Checkmate ќе се склопува во фабриката за авиони во Комсомолск на Амур (КнААЗ). Неговиот прв лет е планиран за 2023 година, а почетокот на сериското производство за 2025 година.
Извор: Russia Beyond