Претстојниот Moto Watch 100 на Motorola беше дел од гласините пред околу две недели, но сега 91mobiles доби ексклузивни рендери на паметниот часовник на Motorola, од сигурен извор во индустријата. Овие ексклузивни рендери ни даваат најдобар увид во дизајнот на Moto Watch 100. Покрај тоа, пристигнаа и спецификациите на часовникот.
Moto Watch 100 ќе пристигне со кружен екран со прилично минималистички дизајн. Часовникот има две странични копчиња со метална завршница, во споредба со мат финишот на куќиштетот. За разлика од некои други паметни часовници, Moto Watch 100 нема да има ротирачка рамка.
Moto Watch 100 доаѓа со алуминиумско куќиште и има пластична позадина. Има 1,3 инчен кружен LCD екран со резолуција од 360 × 360 пиксели. Moto Watch 100 е со димензии 42 x 46 x 11,9 мм и тежи 29 грама. Ременот на часовникот доаѓа со ширина од 20 mm. Како што претходно беше најавено, паметниот часовник навистина ќе има батерија од 355 mAh, но ќе нуди Bluetooth 5.0 конекција, за разлика од Bluetooth 5.2 како што беше претходно најавено.
Што се однесува до опциите за поврзување, ќе добиете и GPS функционалност на часовникот. Moto Watch 100 ќе има и сензор за отчукувањата на срцето, акцелерометар, жироскоп, HRM, SP02 и сензори за амбиентално светло. Паметниот часовник ќе нуди следење на спиењето и бројач на чекори, но ќе мора да почекаме малку за да го дознаеме бројот на фитнес режими што ги поддржува.