Новата студија покажала дека некои луѓе брзо го „чистат“ вирусот од своето тело поради моќниот имунолошки одговор на Т-клетките.
Објаснувањето зошто некои луѓе на тестовите покажуваат негативен Ковид-резултат, без оглед на тоа што биле изложени на вирусот, може да лежи во „имуното помнење“, порачуваат научниците.
Новата студија покажала дека некои поединци брзо го „чистат“ вирусот од организмот поради моќниот имунолошки одговор на постоечките Т-клетки, што значи дека нивните тестови бележат негативен резултат.
Сите ги знаеме тие лица кои без оглед на тоа што биле изложени на вирусот (на пример сите членови од нивното семејство се позитивни на Ковид-19), никогаш не биле позитивни на вирусот, а сега научниците пронајдоа објаснување кое покажува дека еден дел од тие луѓе доживеале „абортивна инфекција“ во која вирусот влегува во телото, но Т-клетките од имуниот систем го „чистат“ во најрана фаза што значи дека ПЦР и тестовите на антитела бележат негативен резултат, пишува британски „Гардијан“.
Околу 15 отсто од здравствените работници кои биле следени во текот на првиот бран на пандемијата во Лондон очигледно ја потврдиле оваа хипотеза, а откритието може да отвори пат за новата генерација на вакцини насочени на одговорот на Т-клетките, што би можеле да произведат многу долготраен имунитет, изјавиле научниците.
„Секој има анегдотски докази за луѓето кои биле изложени, но не ѝ подлегнале на инфекцијата. Тоа што не го знаевме е дали поединците навистина успеале во целост да ја избегнат инфекцијата или природно го исчистиле вирусот пред да се открие со рутинските тестови“, наведува Лео Свалинг, имунолог од Универзитетот во Лондон и главен автор на студијата.
Најновата студија го следела имунолошкиот одговор на здравствените работници на знаците на инфекцијата во текот на првиот бран на пандемијата, 58 отсто од учесниците не биле позитивни на тестот на Ковид-19 без оглед на ризикот од изложеноста.
Меѓутоа, примероците од крвта земени од луѓето покажале дека имаат зголемени Т-клетки кои реагирале против вирусот, во споредба со примероците земени пред пандемијата да го земе својот замав и во споредба со луѓето кои воопшто биле изложени на вирусот.
Студијата сугерира дека дел од нив веќе имале Т-клетки запомнети од претходни инфекции предизвикани од сезонските корона вируси кои предизвикуваат обична настинка, што ги заштитиле од Ковид-19.
„Таквите постоечки Т-клетки се подготвени да го препознаат SARS-CoV-2“, изјавил Свадлинг.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли