Компанијата Ubisoft во јули најави дека го одложува пристигнувањето на видеоиграта „Tom Clancy’s Rainbow Six Extraction“, а сега е познат и точниот датум кога ќе излезе на пазарот.
Видеоиграта „Tom Clancy’s Rainbow Six Extraction“ требаше да биде достапна за гејмерите од 16 септември, но е одложена за јануари. Компанијата Ubisoft сега официјално потврди дека играта ќе се појави на 20 јануари.
Цената на основната верзија на играта е 40, а deluxe изданијата 50 долари.
Играта ќе биде достапна на Xbox One, Xbox X и S, PlayStation 4, PlayStation 5, PC, Ubisoft+.