Произведувачите и научниците сакаат да бидат сигурни дека можат брзо да ги модифицираат вакцините, а таа работа е веќе во тек.

„Појавата на новите опасни соеви на коронавирусот може да доведе до тоа да биде неопходна модификација на вакцините против тој вирус на годишно ниво, како што тоа е случај со вакцината против грип“, изјавила главната научничка од СЗО Сомја Сваминатан.

Според нејзините зборови, произведувачите сега го бараат одговорот на тие прашања дали може да се модифицира секоја вакцина за да се соочиме со заканата од новите варијанти на коронавирусот, пренесува „Tass“.

„За среќа, вакцините и натаму се ефикасни против варијантите кои досега се појавиле“, изјавила таа.

Меѓутоа научничката предупредила дека не знаеме што ќе се случува во иднина доколку се појават варијанти врз кои вакцината нема да може да делува.

Како што истакнала таа, произведувачите и научниците сакаат да бидат сигурни дека можат брзо да ја променат вакцината, а таа работа е веќе во тек.

Додала и дека СЗО работи со произведувачите и научниците, како и со регулаторните тела за да обезбеди нови модифицирани вакцини кои за брзо време ќе бидат одобрени.