Стокхолм го преполови бројот на дозволени електрични тротинети на своите улици, што е последен удар за популарната, но контроверзна форма на јавен превоз.
Градскиот совет изгласа ограничување на бројот на дозволени тротинети на 12.000 од сегашните 23.000 и го намали бројот на овластени компании за изнајмување е-тротинети од осум на три.
Ограничувањата стапуваат во сила на 1 јануари, а градските власти во наредните недели ќе објават на кои компании ќе им биде дозволено да ги задржат лиценците за изнајмување.
Употребата на електрични тротинети експлодираш во последните години во поголемите градови во светот, но се јавија и контроверзии за нивната употреба.
Поддржувачите веруваат дека електричните тротинети се соодветна форма на транспорт, а критичарите велат дека тие ги преплавуваат улиците и може да бидат опасни при големи брзини.
Неколку светски метрополи воведоа ограничувања за нивната употреба.
Копенхаген целосно ги забрани во октомври 2020 година, па дозволи повторно користење една година подоцна, но со строги правила што го ограничуваат нивното паркирање и употреба.
Осло го намали бројот на дозволени тротинети во јули од 20.000 на 8.000 и забрани да се возат меѓу 23 и 5 часот наутро.
Париз воведе ограничување на брзината за електричните тротинети на 20 километри на час.
Сингапур го забрани возењето електрични тротинети на пешачки патеки по примерот на Германија и Франција.
Поврзани артикли