Во салонот на Porsche во Скопје пристигна последниот додаток во понудата на модели на Ca-yenne. Спортски херој, создаден за максимални перформанси и управување, новиот Cayenne Turbo GT комбинира извонредна динамика на возење со висок степен на секојдневна употребливост. Неговиот четирилитарски битурбо V8 од 471 kW (640 КС) обезбедува основа за извонредни возни карактеристики. Со 67 kW (90 КС) повеќе од Cayenne Turbo Coupé и максимален вртежен момент од 850 Nm (повеќе за 80 Nm), забрзувањето од 0-100 km/h е намалено на 3,3 секунди (0,6 секунди помалку), а максималната брзина е сега 300 km/h (зголемување од 14 km/h). Со уште поспортски линии и достапен исклучиво како купе со четири седишта, Cayenne Turbo GT доаѓа со сите достапни системи за контрола на шасија вградени како стандардни и гуми со високи перформанси развиени специјално за овој модел. Погонската единица и шасијата исто така имаат уникатна поставеност специјално подесена за Cayenne Turbo GT. Резултатот е хармоничен целосен концепт со извонредна способност за тркачките патеки. Ова го докажа тест-возачот на Porsche, Ларс Керн, кој извозе 20,832 километри Нирбургринг Нордшлајфе со Cayenne Turbo GT за време од 7:38,9 минути, поставувајќи нов официјален SUV рекорд.
Во споредба со Cayenne Turbo Coupé, Turbo GT е до 17 милиметри понизок. Врз основа на ова, и пасивните компоненти на шасијата и системите за активна контрола на аеродинамиката се реконструирани и оптимизирани за врвни перформанси. Тие исто така имаат специфична калибрација за да гарантираат совршена интеракција меѓу нив. Како на пример, цврстината на трикоморната воздушна суспензија е зголемена до 15 проценти, а карактеристиките на амортизерите на Porsche Active Suspension Management (PASM), примената на Power Steering Plus и управувањето на задната оска, исто така е прилагодено. Системот за активна стабилизација Porsche Dynamic Chassis Control (PDCC) сега работи со контролен софтвер ориентиран кон перформансите. Резултатот е уште подобра стабилност на патот, како и попрецизно однесување при повисоки брзини во свиоци. Во согласност со ова, системот Por-sche Torque Vectoring овозможува повисоки стапки на пристрасност на вртежниот момент. Сеопфатно оптимизираната предна оска исто така го подобрува управувањето. Во споредба со Turbo Coupé, неговите предни тркала се за инч пошироки, а негативниот наклон е зголемен за 0,45 степени за да им се даде на новите 22-инчни гуми со високи перформанси Pirelli P Zero Corsa, специјално развиени за Turbo GT, поголема контактна површина. Сопирањето го извршува стандардниот систем на Porsche Ceramic Composite Brake (PCCB).
Брз пренос на брзини Tiptronic S и спортски издувен систем од титаниум
Битурбо моторот на Cayenne Turbo GT моментално е најмоќниот осумцилиндричен агрегат на Porsche. Најобемните надградби беа извршени во областите на погонот, турбополначот, директното вбризгување гориво, индукцискиот систем и интеркулерот. V8 моторот на Turbo GT се разликува од оној на Turbo Coupé по основните елементи како што се коленестото вратило, поврзувачките шипки, клиповите и амортизерите за торзионите вибрации. Со оглед на
зголемувањето на моќноста до 471 kW (640 КС), овие компоненти се дизајнирани за поголеми максимални оптоварувања и подобрена динамика на возење. Модифицирани се и осум-брзинскиот Tiptronic S со побрзо менување и системот за управување со тракцијата на Porsche (PTM). Има и дополнително водено ладење за преносната кутија на менувачот. Стандардниот спортски издувен систем, со неговите централни издувни цевки, е единствен за Cayenne Turbo GT. Од средината на возилото, издувниот систем, вклучувајќи го и задниот придушувач, е направен од лесен титаниум кој е особено отпорен на топлина. Дополнителна заштеда на тежина се постигнува со изоставување на централниот придушувач.
Спортска опрема: многу carbon на надворешноста, многу алкантара во внатрешноста
Достапен со новата Arctic сива боја, Cayenne Turbo GT го нагласува својот исклучителен атлетизам преку извонредните карактеристики на неговиот прогресивен дизајн. Тие вклучуваат предница специфична за GT со впечатлив спојлер и зголемени странични доводи за воздух за ладење, кои создаваат уникатен преден поглед. Контурен карбонски покрив и црни продолжетоци на лакот на тркалата, заедно со 22-инчните тркала GT Design во Neodyme, доминираат во неговиот страничен поглед. Карбонските странични плочи поставени по должина на спојлерот на покривот се специфични за GT, како и адаптивниот издолжен заден спојлер, кој е 25 mm поголем од оној што е поставен на Turbo. Ова ја зголемува надолната сила на воздухот (downforce) при максималната брзина на автомобилот до 40 килограми. Задниот поглед е заокружен со впечатлива дифузерска плоча направена од јаглерод.
Деби во Turbo GT: нов инфозабавен систем за Cayenne
Спортскиот карактер на Cayenne Turbo GT е нагласен со висококвалитетната стандардна опрема и мноштвото на детали во Alcantara во неговата внатрешност. Спортски прилагодливи седишта со 8 насоки во предниот дел и спортскиот систем на задните седишта се стандардни. Секој од нив доаѓа специфично за GT со перфорирани централни панели на седиштата во Alcantara, контрастни акценти во Neodyme или Arctic сиво и букви „turbo GT“ на потпирачите за глава. Како што се очекува кај спортските автомобили на Porsche, мултифункционалниот спортски волан има жолта централна ознака на 12 часот. Со Turbo GT, следната генерација на Porsche Communication Management (PCM) системот е лансиран на пазарот со подобрени перформанси, нов кориснички интерфејс и нова оперативна логика во Cayenne. Како и досега, PCM 6.0 е целосно компатибилен со Apple CarPlay, но сега овозможува и длабинска интеграција на Apple Music и Apple Podcasts. Покрај тоа, инфозабавниот систем сега вклучува и Android Auto, што значи дека сите популарни паметни телефони сега можат да се интегрираат.
Cayenne Turbo GT е достапен веднаш во салонот на Porsche во Скопје.
(ПР-текст)