Poco ја прошири својата линија на паметни телефони со лансирањето на Poco M4 Pro 5G. Новиот телефон го наследи M3 Pro 5G моделот, кој излезе во мај и носи неколку значајни подобрувања, вклучувајќи ажуриран дизајн, побрз чипсет, подобрени камери и многу повеќе.
Poco M4 Pro 5G е вsu[nost ребрендирана верзија на Redmi Note 11 кој неодамна беше претставен во Кина. Меѓутоа, како и секогаш, Poco направи неколку естетски промени кои му даваат на телефонот уникатен идентитет.
Poco M4 Pro 5G има 6,6-инчен LCD екран со стапка на освежување од 90Hz и поддршка за DCI-P3 широк опсег на бои. Во внатрешноста, телефонот има MediaTek 810 чипсет, што е чекор напред во однос на Dimensity 700 на Poco M3 Pro. Чипсетот е спарен со 4GB/6GB RAM и 64GB/128GB UFS 2.2 меморија, известува XDA-developers.
Додека Poco M4 Pro 5G има помалку камери од својот претходник, севкупно гледано ова е подобар систем на камери. Постои примарна камера од 50 MP и ултраширока камера од 8MP. Предната камера е исто така унапредена од 8MP на 16MP.
Poco M4 Pro 5G има батерија од 5.000 mAh со поддршка за брзо полнење од 33W. Останатите карактеристики на телефонот вклучуваат скенер за отпечатоци од прсти монтиран од страна, стерео звучници, послаб мотор по X-оската, NFC, 5G и IR бластер.
Поврзани артикли