Откако изминатите неколку години работеше на прототипи, компанијата Google наводно планира да претстави флексибилен Pixel смартфон на преклоп во 2022 година.
Според кодот скриен во апликацијата Google Camera, телефонот се развива под кодното име Pipit. Засега нема конкретни детали за неговиот дизајн и карактеристики, но апликацијата открива нешто за камерите.
Наводно, уредот ќе има главна камера од 12,2 MP, која Google ја користеше за уредите што пристигнаа помеѓу Pixel 3 и Pixel 5 моделите, додека новата Pixel 6 серија има главна камера од 50 MP.
Покрај тоа, Pipit ќе ја користи истата ултraширока камера од 12 MP (IMX386), како и сегашните модели, додека на предната страна ќе има два 8 MP IMX355 сензори. Камерите најверојатно ќе бидат лоцирани од двете страни на куќиштето за да може да се направат селфи фотографии без разлика дали уредот е преклопен или расклопен.
Малку постара камера има смисла, бидејќи онаа на Pixel 6 бара испакната лента на задната страна за да направи простор за нејзините сензори. Токму големината е проблем кај преклопните телефони, па сензорите на камерата мора да имаат што е можно потенок профил.
Samsung исто така користи послаби камери за флексибилните уреди во споредба со оние од S серијата. Galaxy Z Fold 3 нема толку моќни камери како Galaxy S21 серијата.
Информацијата скриена во апликацијата го содржи и поимор „isPixel2022Foldable“, што укажува на тоа дека Google планира да претстави смартфони на преклоп следната година. Нешто слично веќе се случуваше во минатото.
Google неодамна објави верзија на Android за таблет и преклопни уреди, а првата јавна верзија на Android 12L се очекува следната година.
Поврзани артикли