Американската држава Масачусетс би можело да стане првата што ќе постави соларни звучни бариери покрај пат.

Соларните бариери се дизајнирани од Ko-Solar и претставуваат иновативен систем кој ќе ги замени стандардните звучни бариери со соларни панели.

Станува збор за компанија која е специјализирана за инсталирање соларни панели на помалку очигледни места како што се индустриските зони, така што звучните бариери би биле совршен додаток на нејзиниот репертоар. Ако се оди според планот, меѓудржавниот автопат 95 околу Бостон би можел да добие нов интересен извор на обновлива енергија.

Ko-Solar соработуваше со Одделот за транспорт (MasDOT) во Масачусетс на овој проект за инсталирање на соларни панели долги 800 метри. Панелите ќе бидат поставени на постојните бетонски звучни бариери на јужната страна на автопатот, објави Interesting Engineering.

„Ако ова е успешно, ја отвора вратата за други области. Зошто едноставно не го приспособиме она што веќе го имаме? Многу држави веќе имаат звучни бариери“, рече Мохамед Сидики, партнер на Ко-Солар.

Панелите ќе можат да се постават под посакуваните агли за да се собере максималната количина на енергија во текот на денот.

Сопственоста на панелите ќе биде доделена на Solect Solar, додека министерството ќе купува струја поевтина за неколку центи по kWh во однос на стандардната цена.

Овој иновативен проект се очекува да собира 800 MWh енергија годишно, што ќе биде доволно за напојување на околу 100 домаќинства.

Извор: Klix.ba