Руската армија има во својот арсенал преку 2000 беспилотни летала, изјави рускиот претседател
Руските војници сега научија како да одбиваат напади на дронови, изјави претседателот Владимир Путин во Сочи на состанокот со претставниците на Вооружените сили и воената индустрија.
Тој истакна дека беспилотната авијација се покажала добро во вооружените конфликти.
„Ние многу добро знаеме колку е ефикасна таа и колку може да биде опасна за нас, со оглед на она што го видовме во Сирија, т.е. напади на терористите со помош на дронови. Научивме да ги одбиваме тие напади и тоа го правиме прилично ефикасно“, изјави шефот на руската држава.
Тој истовремено истакна дека руската армија сега има над 2000 беспилотни летала во својот арсенал и рече дека и понатаму треба да се работи на такви апарати, меѓу другото, и со примена на вештачка интелигенција и најсовремените достигнувања на технологијата и науката.
„И секако, имајќи го предвид искуството што самите го стекнавме преку примената на тие летала“, заклучи претседателот.
Во април беше соопштено дека руските единици во напад врз меѓународните терористи во Сирија примениле неколку десетици беспилотни летала „камикази“ „Ланцет-3“ кои прецизно погодуваат цели. Покрај тоа, од 2019 година во Сирија се користат и други „камикаѕе-дронови“ кои носат назив „Куб“.
Извор: Russia Beyond