Соочен со глобален недостиг на чипови, Bosch ги зголемува своите капитални расходи
Набргу по отворањето на новата фабрика во Дрезден, добавувачот на технологија и услуги најави уште една голема инвестиција во своите постројки за полупроводници и помошни компоненти.
Само во 2022 година, Bosch планира да инвестира повеќе од 400 милиони евра во проширување на своите фабрики во Дрезден и Ројтлинген, Германија и во своите производствени капацитети за полупроводници во Пенанг, Малезија. Во Пенанг, Bosch гради и тест центар кој ќе тестираaт готови полупроводнички чипови и сензори почнувајќи од 2023 година.
Производството во фабриката во Дрезден започна во јули оваа година – шест месеци пред предвиденото. Чиповите произведени во новата фабрика првично се вградуваат во електричните алати на Bosch. За купувачите на автомобили, производството на чипови започна во септември, три месеци пред предвиденото.
Модерната електроника во автомобилот е основа за намалување на емисиите во сообраќајот, спречување несреќи и зголемување на ефикасноста на возењето, а микроелектрониката е исто така клучен фактор за успех во сите деловни области на Bosch.
Препознавајќи го потенцијалот на оваа технологија многу рано, компанијата произведува полупроводнички компоненти повеќе од 60 години.
„Побарувачката за чипови продолжува да расте со огромна брзина. Во светлината на тековните случувања, ние систематски го прошируваме нашето производство на полупроводници за да можеме на нашите клиенти да им обезбедиме најдобра можна поддршка!“ вели др. Волкмар Денер, претседател на управниот одбор на Robert Bosch GmbH.
Поврзани артикли