Откриен е голем број на апликации кои се користени во кампања за лажење на корисниците преку SMS пораки.
Avast направи истрага во текот на која е откриено дека 151 апликација била поврзана со UltimaSMS кампања за мамење на корисници. Прва меѓу овие апликации е Ultima Keyboard 3D Pro по која кампањата го добила името.
Корисниците ја симнале оваа апликација повеќе од 10,5 милиони пати во повеќе од 80 земји. Целосната листа на отстранети апликации може да ја најдете ТУКА.
Google веќе ги забрани секоја од овие апликации во својата Play Store продавница. Секако, компанијата нема можност да ги избрише од уредите на корисниците, па се препорачува веднаш да ја избришат.
Апликациите биле инфилтрирани во тастатурите, скенери на QR кодови, програми за обработка на фотографии и видеа, филтери за камери, игри. Со помош на овие апликации имале пристап до локацијата на уредот, број на телефонот, мејл, за да одредат кој код и јазик да користат за да ви испраќаат пораки.
На корисниците им се појавувале понуди за претплата на премиум СМС сервиси кои чинеле и до 40 долари месечно.
Извор: B92.net