Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ објави дека неговиот експериментален лек се покажал многу ефикасен во намалувањето на развивањето на потешка форма на коронавирусот.
„Фајзер“ објави дека неговата антивирусна пилула против коронавирус ја намалила стапката на хоспитализација и смртност за речиси 90 проценти.
Компанијата сега бара брзо одобрување на лекот.
Соопштението на компанијата доаѓа еден ден откако Обединетото Кралство даде зелено светло за апчиња против коронавирус, што ја прави првата земја во светот што го сторила тоа.
„Фајзер“ ги објави прелиминарните резултати од студијата извршена на 775 возрасни лица. Помалку од 1% од пациентите кои го зеле лекот морале да бидат хоспитализирани и никој не починал.
„Се надевавме дека ќе имаме нешто необично, но ретко е да се видат одлични лекови со речиси 90% ефикасност и 100% заштита од смрт“, рече д-р Мајкл Долстен, главен истражувач во „Фајзер“.
Учесниците во студијата биле невакцинирани, со блага до умерена форма на ковид кои имале висок ризик за хоспитализација поради здравствени проблеми како што се дебелина, дијабетес или срцеви заболувања. Третманот започнал во рок од три до пет дена од првите симптоми и траел пет дена.
Поврзани артикли