Уште една пречка за ребрендирање на Facebook дојде откога беше откриено дека веќе постои компанија со име Meta.
Тоа е компанијата Meta PC (Мета компјутери) со седиште во Аризона, која продава десктоп-компјутери, лаптопи и технолошки софтвер.
Основачите Џое Даргер и Зак Шат во август поднеле барање за заштита на името Meta. Двајцата работат на мета-компјутерот нешто повеќе од една година, но претходно не презеле правна постапка и не го заштитиле името на компанијата.
Според светските медиуми, нивното барање сè уште не е одобрено, но тоа не ги спречило да му кажат на ТМЗ дека нема да му го продадат името на Цукерберг за помалку од 20 милиони долари доколку реши да го купи од нив.
Тие на својот твитер-профил решија да се пошегуваат со целата ситуација, па споделија фотографија на која Цукерберг го држи нивниот компјутер, а потоа и шега дека нивното ново име е Facebook откако Цукерберг ја објави промената во Meta.
По ситуацијата со Facebook, компанијата Meta PC бележи зголемување на бројот на следачи на социјалните мрежи за пет отсто, пишуваат американските медиуми.
Поврзани артикли