Во време кога владее сѐ поголема неизвесност и несигурност, проследени со поголем стрес, потребен ни е некој кој на доста едноставен, лесен и брз начин ќе ни покаже дека се грижи за нас. Потребен ни е некој што ќе нѐ мотивира да воведеме дисциплина во поглед на сопственото здравје, бидејќи во духот на месецот на машкото здравје ноември или Мовембер е да делуваме превентивно.
Mовембер е годишен настан кој вклучува растење мустаќи во текот на месец ноември, со цел на еден хумористичен начин да се привлече внимание во борбата за заштита на машкото здравје и да се подигне свеста за здравствените проблеми на мажите, како што се рак на простата и рак на тестисите, за кои според статистиките, машкиот животен век е за седум години пократок во однос на жените.
Иако во овој период, со заштитните маски сме често приморани да го сокриеме симболот по кој е препознатлив месецот ноември, сепак, можеме да направиме нешто за нас самите. Секој од нас е должен да се грижи за сопственото здравје и повеќе не треба да ја одложува редовната посета на лекар. Здравственото осигурување на Кроација е комбинација на сигурност и брзина, и најважно е дека обезбедува превентивна грижа за сите осигуреници. Токму овие специјалистички прегледи се клучни за грижата на здравјето.
Во текот на месец ноември, а со почеток на 01.11.2021, Кроација Осигурување го одбележува Мовембер со предизвикот #MovemberChallenge, а за „сопственикот“ на најдобрите мустаќи следува изненадување. Предизвикот ќе се одвива преку Инстаграм профилот на Кроација Осигурување, а за учество заинтересираните треба да го следат и тагнат профилот во story. Детали околу предизвикот може да се најдат на Инстаграм профилот на Кроација Осигурување @croatia_osiguruvanje.