Apple воведува нова функција кај својот паметен часовник Apple Watch – известување и дојава до надлежните за сообраќајни несреќи. Ова го објави „Даблју-ес-џеј“, повикувајќи се на извор од компанијата.
Уште во серијата 4 беше додадена можноста – при несекојдневен пад на корисникот, уредот автоматски сам да ги повика итните служби. Сега Apple сака да создаде слична функција за сообраќајни несреќи.
Новата функција може да се појави веќе во 2022 година, кога ќе биде претставена следната генерација паметни часовници.