Првите извештаи велат дека сопирањето со новите by-wire сопирачки е многу помазно, без вибрации…
Системот за сопирање Brake by-wire е систем кој можеби ви е познат од некои древни времиња, на пример, 2005 година и Mercedes E-класата кој имаше многу проблеми со вградениот систем на Bosch. На крајот Mercedes се врати на класичните сопирачки.
Тогашниот систем на Bosch имаше систем со класични хидраулични сопирачки, но и електронска врска помеѓу педалата на сопирачката и самите сопирачки. Италијанскиот производител на сопирачки Brembo сега најавува речиси целосно електризиран систем, хидрауличните актуатори се намалени и редуцирани само за употреба на предните тркала кај тешките возила. Во Brembo тврдат дека за десет години, сите сопирачки кај премиум брендовите ќе бидат со системот by-wire.
Новиот производ се вика Sensify, а хидрауликата е заменета со електромотори кои ги затегнуваат и ослободуваат плочките на сопирачките. Системот е многу помал и покомпактен од класичната хидраулика. Во споредба со класичните хидраулични сопирачки, растојанието на сопирање е пократко за 11 метри при запирање од 120 km/h до нула.
Првите извештаи велат дека сопирањето со нови сопирачки е многу помазно, дека нема вибрации… Исто така, голема предност е поефикасното рекуперација на енергијата кај електричните возила.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли