Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг соопшти дека компанијата ќе го промени името во Мета, што привлече голем број на реакции на интернет.
Традицијата со коментирање и исмевање на секое јавно излегување на Цукерберг е продолжена и после претставувањето на новиот назив на најпопуларната социјална мрежа на светот.
Покрај тоа што милијардерот е прозван дека не се однесува природно, корисниците на социјалните мрежи се исмеале и поради фактот дека во текот на 90 минутното јавување во живо на неговата полица со книги стоело шише со сос.
За тоа колку е ова неприроден потег најмногу зборуваат илјадниците твитови во кои корисниците поставуваат различни прашања, го споредуваат Цукерберг со вонземјани и констатираат дека ова е уште еден доказ дека живееме во симулација.
Но, според пишувањата на Индепендент, сосот на полицата е поставен намерно. Имено, Цукерберг со тој потег потсети на јавувањето во 2015 година кога одржа презентација во живо на која пржел место и истовремено го користел истиот сос.
Поврзани артикли