Израелско-американска студија, објавена во медицинскиот магазин Lancet е утврдено дека вакцинацијата со трета доза од Фајзер/Бионтек го намалува ризикот од хоспитализација за 93%, посериозни симптоми за 92% и смрт за 81%.
Во истражувањето биле опфатени 730.000 лица кои примиле трета доза. Ефектот од вакцинацијата кај нив бил спореден со ефектот од вакцинацијата кај 728.321 лица кои се вакцинирани со две дози најдоцна до пет месеци. Истражувањето го спровеле израелскиот Здравствен сервис Клалит, кој е најголем во државата и Универзитетот Харвард.
Опсервациската студија е спроведена од врвот на пандемијата со коронавирус кога имало најмногу заразени со делта сојот, крајот на јули до 23 септември оваа година. Ова е прва студија која била рецензирана и која ја анализирала ефективноста после трета доза на вакцината Фајзер/Бионтек.
Разгледани се различни варијабли, помеѓу кои се кормобидитетите на оние кои се вакцинирани со трета доза.
“Ова е доказ за државите во кои се разгледува опцијата за вакцинација со трета доза. Секоја од нив ќе мора да донесе одлука на основа на нивните својствени околности и временската рамка на вакцинација”, изјавил шефот на одделот за иновации во Клалит, Ран Балицер.
Израел наведе како пример дека раната вакцинација спасила голем број на животи. Токму оваа држава била првата во светот која започна со вакцинација со трета доза. Повеќе од 3,9 милиони жители се вакцинирани со трета доза. Ова веќе дава резултати.
Дневно има помалку од 1% позитивни на вирусот од вкупниот број тестирани.
Поврзани артикли