Роверот Perseverance, лансиран на Марс од НАСА, испрати нови фотографии од Црвената планета откако беше изгаснат во период од две недели.
Научниците од НАСА ја ограничија комуникацијата со роверот во текот на соларна конјукција меѓу 28 септември и 17 октомври, кога Марс и Земјата се наоѓаа на спротивни страни на Сонцето.
Solar conjunction is over and I’m ready to get rolling again. Nothing like the feel of Mars under your wheels.
Latest images: https://t.co/Ex1QDo3eC2
?(Sol 200 drive): https://t.co/JnELQV2rOy pic.twitter.com/D3vZSD99qT— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) October 19, 2021
Роверот беше паркиран на определено место, чекајќи го моментот повторно да биде активиран. Периодот на соларна конјукција го искористи за да ги следи временските прилики и начинот на кој марсовската прашина се движи на ветрот.
Соларна конјукција се случува на секои две години, а научниците одлучија да немаат комуникација со роверите, поради можни проблеми со сигналите кои би доаѓале од Марс, а кои роверот би можел погрешно да ги разбере и евентуално да се оштети.
Роверот се врати во акција на 25 октомври и испрати неколку фотографии од завршувањето на конјукцијата.
Извор: Klix.ba