Регистарски број на автомобил со две идентични букви е на пат да стане најскапиот во светот. Се продава на онлајн платформата OpenSea, а наддавањето достигнува скоро 25 милиони долари.
Според официјалните информации, во Калифорнија има повеќе од 35 милиони регистрирани броеви на возила, кои содржат два до седум различни знаци во нив. Најретки се оние со два идентични симболи, како што е случајот со овој. Тоа се две букви – ММ, а ако се реализира продажбата, ќе стане најскапата во историјата.
Покрај регистерската табличка, идниот сопственик ќе добие и единствен NF токен. Сите информации – идентификатор на токен и индивидуален QR код, се ласерски врежани на задната страна на металната плоча. Продавачот тврди дека ова е прв пат во историјата да биде ставена на продажба физичка регистарска табличка поврзана со NFT.
Во моментот на пишување, цената е 5888 ETH (ова е главното средство за плаќање во блокчејн мрежата Ethereum) или 24.460.459,52 долари. За само еден час цената на знакот пораснала за 200.000 долари. Во исто време се продава и ММ број од Тексас, при што последната понудена сума е 2888 ЕТН (11.997.589,52 долари).
Извор: Додај Гас