Согорувањето во било кој облик е штетно – мотор, оган за огрев или цигара. Секој од овие процеси на согорување испушта штетни материи во воздухот, кои ја загадуваат околината. Со децении наназад новите откритија помагаат да се ослободиме од согорувањето, па во денешно време, емисиите на штетни гасови се помали кај електричните возила, далечинското греење е поефикасно од загревањето, а до неодамна науката бараше решение за елиминирање на согорувањето, кое настанува со палење на цигара. И тоа може да биде токму во загревањето.
Зошто согорувањето е проблем
Кога ќе се запали цигара, доаѓа до согорување и тогаш се создава чад од тутунот, преку кој се ослободуваат повеќе од шест илјади материи, меѓу кои за околу 100 се знае дека се штетни и потенцијално штетни. Пушачите воглавно се свесни за штетните последици од својата лоша навика и најдобро решение за нив е веднаш да престанат да пушат или да конзумираат тутунски или никотински производи во било кој облик. Меѓутоа, постојат и такви кои од различни мотиви не се откажуваат. Затоа е важно да се информираат за алтернативите и да донесат одлука како на најефикасен начин да се ослободат од чадот од тутунот.
Кои се главните разлики помеѓу цигарите и алтернативите?
Кај алтернативите на цигарите како што е IQOS, уред од категоријата која користи технологија на загревање, не доаѓа до согорување на тутунот, туку до загревање. На тој начин, при конзумацијата не се создава тутунски чад, туку аеросол.
Како загревањето може да биде дел од решението
Алтернативите со намален ризик, поради процесот на загревање, создаваат помалку јагленмоноксиди и значително пониско ниво на други штетни состојки.
Уште еден важен пример на разликата помеѓу цигарите и подобрите алтернативи е присуството на катранот. Кај IQOS нема катран, туку е заменет со аеросолен остаток со значително пониско ниво на штетни состојки.
За целосно разбирање на разликите, важно е да се напомене дека, иако се подобра опција, овие алтернативи не се без ризик и ослободуваат никотин кој создава зависност.
Поврзани артикли