Фондацијата Импакт овој месец потпиша договори за партнерство со три од врвните даватели на обуки во Северна Македонија, со цел имплементација на модули за обука за фриленс работа. Партнерства се склучени со Бреинстер, Сеавус Едукативниот Центар (SEDC) и образовниот центар СЕМОС, кои ќе развиваат наставни програми и ќе ги пласираат на целните групи како млади, жени и други ранливи и маргинализирани групи. Тие ќе им овозможат на сите студенти да земат учество на првите специјализирани обуки за фриленсинг во Северна Македонија и ќе им помогнат подобро да го разберат овој пазар.
Од Фондацијата очекуваат повеќе млади луѓе и жени ќе започнат да се занимаваат со нудење на фриленсинг услуги, како начин на заработка на приходи. Студентите сега ќе бидат поддржани со стручна обука и поддршка во нивниот кариерен развој од тренинг центрите.
– Почнувајќи од ноември 2021 година, во Северна Македонија, студентите ќе имаат можност да научат не само дигитални вештини, туку и меки вештини поврзани со работа на популарни платформи како Upwork, Evato и Fiverr. Секој давател на обука има уникатна вредност во својата испорака и експертиза, така што ангажманот на повеќе даватели на обуки ќе ги надополни профилите на повеќето заинтересирани студенти, овозможувајќи поширока лепеза на обуки за целните групи, соопштија од Импакт Фондација.
Како што посочуваат, целта на тренинг центрите и Импакт Фондација е да обучат 300 студенти до март 2022 година од кои 150 би започнале да работат на некои од највреднуваните фриленс платформи.
Импакт Фондација е организација за развој на приватниот сектор, локален ко-фасилитатор на програмата RECONOMY, водена од методологијата за развој на пазарни системи (МСД). Фондацијата е формирана од локалниот тим на практичари и експерти за МСД кои го започнаа првиот проект за МСД во Република Северна Македонија.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во Источна Европа, Јужен Кавказ и Западен Балкан.