Излезе трејлерот за GTA remastered trilogy, каде ќе ги добиеме GTA III, GTA Vice City и GTA San Andreas во ново издание.
Пакетот од три игри се вика Grand Theft Auto: The Trilogy – The Definitive Edition и носи бројни графички подобрувања на веќе познатите игри.
Дигиталната верзија ќе биде достапна од 11 ноември по цена од 59,99 долари, а ќе биде достапна на Nintendo Switch, PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series X и S, како и на компјутер преку игрите на Rockstar Launcher.
Tрилогијата пристигнува на iOS и Android во првата половина на 2022 година. Физичката верзија на играта се очекува на 7 декември.
Претплатниците на Xbox Game Pass ќе можат да преземаат Grand Theft Auto: San Andreas – The Definitive Edition од првиот ден, додека Grand Theft Auto III – The Definitive Edition пристигнува на PlayStation Now на 7 декември. Оваа трилогија ја одбележува и 20-годишнината од Grand Theft Auto III, кој се појави на конзолата PS2.
Поврзани артикли