Роботот од британско производство, кој користи камери и роботска рака за создавање апстрактна уметност, е ослободен откако египетските власти го задржаа на царина.
Аи-Да, именувана по математичарката Ада Лавлејс, беше запленета од гранични агенти минатата недела, кои се посомневале дека нејзината роботика можеби крие тајни шпионски алатки.
Официјалните лица го држеа роботот 10 дена, што ги загрози плановите да ја покаже својата работа кај Големата пирамида во Гиза, каде се изложуваат делата на најпознатите египетски и меѓународни уметници.
Амбасадата на Обединетото Кралство во Каиро за Би-би-си изјави дека им е драго што случајот е решен.
„На амбасадата ѝ е драго што гледа дека роботот уметник Аи-Да ја поминала царината “, се вели во соопштението на амбасадата. „Постапките за царинење може да бидат долги и се потребни пред увоз на какви било уметнички дела или ИТ-опрема“ , се додава во соопштението.
Поврзани артикли