За првпат успешно е извршена трансплантација на бубрег од свиња во човек без никакво отфрлање предизвикано од имунолошкиот систем на примателот.
Ова е голем напредок кој би можел да помогне во решавањето на недостаток на човечки органи за трансплантација. Постапката е спроведена во центарот Лангон Хом во Њујорк, а користена е свиња чии гени се променети така што ткивата не содржат молекули за кои е познато дека предизвикуваат комплетно отфрлање.
Примателката била пациентка со мозочна смрт која имала знаци на дисфункција на бубрегот. Нејзиното семејство дозволило да се направи тој експеримент пред да бидат исклучени уредите за одржување во живот, рекле научниците за Ројтерс.
Три дена новиот бубрег бил врзан за нејзините крвни жили и одржуван надвор од телото и на тој начин докторите имале пристап до него. Резултатите од испитувањето на фунцкијата на трансплантираниот бубрег делувале прилично добро, изјави хирургот Роберт Монтгомери.
Тој наведе дека бубрегот создал очекувана количина на урина, а ненормалното ниво на креатин кој е показател на слаби функции на бубрегот се вратил во нормала после трансплантацијата.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли