Сајбер експертите ги предупредија Gmail и Outlook корисниците на нова измама која може да ги испразни нивните паричници.
Хакерите користат тактика со лажни (предупредувачки) мејлови за губење на антивирус заштитата на вашиот компјутер, пренесува „Express“.
Електронската пошта има „потпис“ на познати компании како што се „McAfee“ и „Norton“ за целата нивна приказна да изгледа поубедливо.
Онлајн измама
Така во еден од мејловите на „McAfee“ се наведува дека претплатата на корисникот е истечена и дека потребно е истата да се обнови.
Наведен е и соодветен линк кој корисникот го води до (лажна) веб-страница каде треба да ги уплати своите пари.
Измамата пак на мејловите на „Norton“ е поразлична.
Корисникот е предупреден дека компанијата автоматски ќе му наплати 500 долари за обнова на лиценцата (вистинскиот износ за тоа е значително помал), со опција за укинување на претплатата.
Доколку го кликнете копчето „Unsubscribe“ ќе се најдете на страницата дизајнирана за кражба на кориснички имиња, лозинки и трансакциски сметки.
Извор: Objektiv.rs