OnePlus Watch Harry Potter Edition беше официјално претставен, три месеци пред дваесетгодишнината од објавувањето на првиот филм Хари Потер за Хари Потер. Часовникот го донесува препознатливиот изглед со Hogwarts тематика и од 20. октомври ќе се продава по цена од околу 225 долари.
OnePlus Watch The Harry Potter Edition ги има истите спецификации како и оригиналниот OnePlus Watch, со тркалезен AMOLED екран од 1,39 инчи, сопствен оперативен систем и траење на батеријата до две недели. Куќиштето од нерѓосувачки челик има завршница во бакарна боја, додека ременот е креиран од веганска кожа и на него е врежан грбот на Hogwarts.
Има и неколку софтверски измдени, со ексклузивни позадини на сите четири куќи (Gryffindor, Hufflepuff, Slytherin и Ravenclaw), како и икони со Harry Potter тематика во рамките на корисничкиот интерфејс.