Honor 50 серијата во јуни е претставена во Кина, а сега еден модел пристигнува во Европа.
Honor ги претстави моделите Honor 50, 50 Pro и 50 SE во Кина, а моделот Honor 50 Lite сега пристигнува на Стариот континент. Презентацијата е закажана за 26 октомври, а важна информација е што ќе може да ги користи услугите на Google.
Уредот е доста сличен на Huawei nova8i моделот, а тоа го потврдуваат и спецификациите што се појавија на интернет. Од друга страна, се поставува прашањето колку всушност Honor е независен од Huawei со оглед на големите сличности во дизајнот и спецификациите помеѓу двата уреди.
Honor 50 Lite има 6,67-инчен FHD+ LCD екран и засек во облик на пилула во кој се наоѓа селфи камера од 16MP. Одзади се наоѓа тркалезен модул со главна камера од 64MP, а има и ултраширока камера од 8 MP, макро од 2MP и сензор за длабочина од исто така 2MP.
Уредот го покренува Snapdragon 662 процесорот на Qualcomm и има 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Се очекува дека ќе користи Мagic UI 5.0 интерфејс, а достапни ќе бидат и услугите на Google.
Поврзани артикли