Аеродромот во Виена e на пат да стане првиот зелен аеродром во Европа бидејќи во моментот во него се создава најголемата фотоволтаична централа во Австрија.
На површина од 24 хектари ќе бидат поставени 55.000 фотоволтаични панели.
Со инвестиција од 20 милиони евра аеродромот планира годишно да произведува речиси 30 милиони киловат-часа електрична енергија, што е една третина од сегашната потрошувачка.
Постројката треба да биде завршена и ставена во функција напролет.
Директорот на аеродромот, Гинтер Офнер, рече дека со овој проект аеродромот во Виена се движи кон тоа да стане првиот зелен аеродром во Европа, неутрален на јаглероден диоксид.