Група јапонски научници успеаја да произведат алкохолен пијалак од дрво. Станува збор за добиен алкохолен пијалак од кедар, бреза и цреша. Од четири килограми кедрово дрво, според јапонските истражувачи може да се добијат и до речиси четири литри пијалак со јачина од најмалку 15 проценти.

Работата во јапонскиот Институт за истражување на шумарството и шумските производи почна во 2009 година. Претходно, научниците од многу земји веќе успешно добија биогориво со ферментација на дрво, но тоа беше несоодветно за потрошувачка.

„Ова е проектот на моите соништа“, вели Кенго Нагара, раководител на проектната група.

„Нашиот институт се надева дека овој проект ќе биде поддржан од приватниот бизнис и во рок од три години ќе можеме да продаваме алкохолни пијалоци од дрво. Во Јапонија, можат да се искорстат многу различни дрва за создавање уникатни пијалаци“, вели Нагара.