Мониторите со години воглавно нудеа поддршка за стапки на освежување до 165Hz. Сега се почесто во понудата гледаме и модели со уште повисоки стапки на освежување, а најновиот гејминг дисплеј на Acer го краси QHD резолуција со освежување од 300Hz.
Гејминг монитор Acer Nitro XV272UKF се одликува со 27-инчен QHD Agile-Splendor IPS панел, со резолуција 2560×1440p и стапка на освежување од 300Hz, додека нуди и 0,5ms G2G одзив.
Мониторот е VESA DisplayHDR 600 сертификуван и нуди максимална осветленост од 600 nits, додека типичната осветленост е 350 нита. Контрастот е 1000:1 и обезбедува 90% покривање за DCI-P3 спектарот на бои.
Покрај AMD FreeSync Premium поддршката за гејминг сесии, Nitro XV272UKF нуди и Black Boost технологија, која ги засилува темните сцени и ColorSense за автоматско прилагодување на температурата на бојата во зависност од опкружувањето.
На полето на конекции, мониторот има два HDMI 2.1 порта, DisplayPort 1.4, четири USB-A 3.0 порта, USB-C порт со DP alt. мод и полнење до 65W, 3.5mm приклучок и USB-B upstream порт 4-порт хаб.
Acer Nitro XV272UKF гејминг мониторот ќе биде достапен во продажба од ноември, по цена од 1149 евра.
Поврзани артикли