Американската компанија Blue Origin на Џеф Безос го одложи вториот лет со туристи во Вселената, поради неповолни метеоролошки услови. Лансирањето на вселенскиот брод „Њу шепард” беше планирано за денеска, но тоа сега треба да се случи утре.
На леталото ќе има четворица туристи. Меѓу нив е и 90-годишниот актер Вилијам Шетнер, познат по улогата на капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“. Тој ќе стане највозрасниот човек што полетал во Вселената.
На 20 јули, компанијата успешно го заврши првиот орбитален лет со туристи. Меѓу нив беше и самиот Џеф Безос.