Во Земјината магнетосфера синоќа започна магнетна бура, која постепено се интензивира и веќе го достигна своето средно ниво, се наведува на интернет-страницата на Рентген-астрономска лабораторија за Сонцето при Институтот за физика на Руската академија на науките.
Според лабораторијата, сончева ерупција од среден опсег се случила на 9 октомври. Облакот сончеви честички што стигнуваат до Земјата го зголемува зрачното оптоварување на орбиталните сателити, влијае на осцилациите на магнетното поле близу површината на планетата и промените во магнетосферата се видливи во облик на тн. северна светлост. На тие честички им се потребни три дена за да стигнат до Земјата.
За време на магнетни бури, светлоста може да се види на географска ширина од 60-70 степени.
Поврзани артикли