Бизнис порталот Bloomberg цени дека пред Apple е задача следната генерација на својот паметен часовник Apple Watch да го направи целосно автономен уред и образложува како би можело тоа да се постигне и што тоа би значело.
Apple неодамна претстави нова генерација на својот паметен часовник, а тоа се случи на 10. годишнината од смртта на основачот на компанијата, Стив Џобс. Неговата последна идеја за iCloud технологијата беше поврзана со паметниот часовник.
Меѓу неговите последни големи идеи беше онаа за ерата на „post-PC“ ерата или времето кога десктоп компјутерите и лаптопите ќе бидат надминати речиси во целост. Пред 2011 година, екосистемот на Apple значеше дека неговите уреди – iPhone, iPad, iPod, Apple TV и другите – добиваа содржини од Mac компјутерите. Мораше да постои синхронизација помеѓу iPhone и Mac.
Тоа се промени во 2011 година со iCloud и iOS 5, бидејќи тие станаа основа на уредите на Apple. Ова им овозможи на iPhone и iPad да функционираат речиси целосно автономно, без компјутерите – тие почнаа да преземаат содржини од iCloud технологијата, а не од Mac. Едноставно кажано, овозможено е користење на iPhone, а да не е потребно да се има и користи компјутер нa Apple.
Седум години од првата генерација на Apple Watch, овој уред функционира на ист начин. Потребно е да имате iPhone за да го активирате часовникот и да ги прилагодите неговите опции. Ова значи дека Apple Watch не се совпаѓа со визијата на Џобс, секој уред на Apple да биде автономен. Во компанијата направија неколку чекори за да го постигнат тоа, но тоа се уште не реализирано во целост.
Тоа има за последица ограничување на бројот на потенцијални купувачи на овој паметен часовник. На пример, сигурно е дека постојат оние кои сакаат да го купат, но не сакаат да истовремено да имаат iPhone.
Според Bloomberg, добра вест е што со последната, седма генерација на Apple Watch, компанијата се приближува кон реализација на таа визија. Тоа е постигнато со вградување тастатура чувствителна на допир и инсталирање нови опции за контрола. Bloomberg наведува дека требало да биде овозможено и тоа преку уредот да можете да се прикјавите на корисничките сметки на iCloud и iTunes.
Врз основа на претходно наведеното, Bloomberg го сугерира следното за наредната генерација на Apple Watch:
- Да се направи Apple Watch целосно автономен уред;
- Значително да се продолжи времето на траење на батеријата. Моментно трае час и половина за разговори, а кога ќе се постави на Family режимот на работа, автономијата трае 14 часа;
- Да се подобри браузерот за користење интернет;
- Да се овозможат извршување на повеќе активности во текот на телефонскиот повик.
Овие и други подобрувања би можеле да придонесат за тоа да се оствари планот на Џобс, а тоа е Apple Watch да стане целосно автономен уред.