Антителата кои ги развиле покажуваат дека се добра заштита против алфа и делта варијантата на коронавирусот кои моментално се доминантни и брзо се шират во светот.
Дури 80 отсто од луѓето кои прележале Ковид-19 пред една година и натаму имаат антитела на коронавирусот, покажала новата шведска студија.
Студијата била направена на 2.000 луѓе од болницата Дандерид во Стокхолм кои минувале низ тестирања на крвта на секои четири месеци и одговарале на прашања по пат на посебна апликација.
„Можевме да забележиме дека кај поголем дел од нив кои беа заболени имаше губење на мирисот и вкусот и дека десет отсто од оние кои беа заразени немаа воопшто симптоми на болеста“, изјавил за шведската национална телевизија „SVT“ Себастиан Хаверал, студент докторат од наведената болница и Институтот Каролинска.
Антителата кои ги развиле се покажале како добра заштита против алфа и делта варијантата кои моментално се доминантни.
Но, заштитата од бета (јужноафриканската) и гама (бразилската) варијантата не била толку моќна.
„Количината на заштита против бета и гама е 30 до 40 отсто пониска“, додал Хаверал.
На оние кои го прележале коронавирусот доволна им е и една доза од вакцината.
Научниците кои ја спровеле наведената студија во Шведска исто така истражувале и колкава доза на вакцина им е потребна на оние кои веќе биле заразени. Претходно било заклучено дека само една доза од вакцината Фајзер е доволна, а шведските научници сега откриле дека истото важи и за вакцината АстраЗенека.
„Инфекцијата делува како примање на прва доза од вакцината, а примање на втора доза на вакцината служи како зголемувач. Поради тоа студијата покажа дека луѓето кои учествуваа во истата имале поголема заштита од луѓето кои ги примиле и двете дози од Фајзер“, заклучил Хаверал.
Поврзани артикли