Пренос во живо 9 октомври, во 19 часот на MaxTV
На 9 октомври, 199 години по првите скици на Лудвиг ван Бетовен, ќе се одржи светска премиера на 10-тата симфонија – завршена со помош на вештачка интелигенција и тим меѓународни експерти. Настанот ќе се одржи на Телеком форумот во Бон а ќе се прикажува преку директен пренос на: MaxTV, инфо канал бр. 7, дигиталниот билборд на Плоштад Македонија и www.telekom.mk/beethoven од 19 часот. По премиерата, изведбата ќе остане достапна за гледање на MaxTV.
Под диригентската палка на Генералниот музички директор Дирк Кафтан, Оркестарот Бетовен ќе ја изведе светската премиера на 10-тата симфонија, но и 8 -та симфонија на Бетовен. Ќе се одржи и интересна панел дискусија со експертиза интеракцијата помеѓу човекот и машината, а ќе се дискутира и дали машините се креативни и дали нивната работа може да се смета за уметност. Комбинацијата на човечка и машинска креативност ќе биде единствено и незаборавно искуство за сите.
Еден од главните моменти на вечерта ќе биде настапот на прочуениот оргулист Камерон Карпентер, којшто музички ќе го придружува Оркестарот Бетовен во Бон во текот на четвртиот став на 10-тата симфонија.
Историја на 10-та симфонија
Непосредно пред неговата смрт, Бетовен започнал да работи на 10-тата симфонија, дело што останало недовршено. Под диригентската палка на доктор Матијас Редер, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Бетовен АИ“, којашто го „разбира“ стилот на Бетовен.
Вештачката интелигенција не само што беше „нахранета“ со композициите на Бетовен и неговите белешки за 10-тата симфонија; во неа беа вметнати и дела од композитори и музичари коишто несомнено го инспирирале и извршиле влијание врз Бетовен во текот на неговиот живот, како што е Јохан Себастијан Бах.Заедно со експертите, алгоритмот го продолжи последното, незавршено дело на Бетовен. Композиторот Валтер Верзова и Оркестарот Бетовен од Бон ја претворија оваа нотација во жива композиција под диригентската палка на Дирк Кафтан.
Повеќе информации на: www.telekom.mk/beethoven
Поврзани артикли