Анализата на компанијата Mixpanel претходно, по првите два дена од објавувањето, покажа дека само 8,59 проценти од корисниците го инсталирале новиот оперативен систем. Сега, компанијата посочува дека заклучно со 5. октомври, стапката на прифаќање е 22,22 проценти. За споредба, iOS 14 беше инсталиран на 14,68% од уредите во текот на првите два дена, или 41,97% од уредите по две недели.
Треба да се напомене дека Mixpanel ги собра податоците користејќи ја својата SDK аналитика и ги смета посетите на сајтот и апликациите преку платформата iOS 15. Ова значи дека аналитиката на компанијата може да биде нецелосна, но секако е евидентна разликата во однос со минатогодишните резултати кои ја користеа истата техника.
Јасно е дека корисниците на iPhone во одредена мерка не сакаат да се префрлат од iOS 14 на iOS 15. Apple веќе реши некои од проблемите што се појавија во софтверот и тие ќе бидат решени во iOS 15.1 и следните ажурирања.
Поврзани артикли