Научниците побарале бесповратни средства за своите истражувања, но барањето за средствата било одбиено.

Пандемијата на Ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 наскоро ќе влезе во својата трета година од постоењето, а и натаму остануваат бројни неодговорени прашања за нејзините причини за појавување.

И натаму не е познато кога вирусот почнал да се шири (очигледно дека тоа било порано од првите официјално пријавени случаи во светото), а не се сите сигурни ниту како новиот коронавирус почнал да се пренесува од животните, како што се лилјаците, на луѓето, туку може да прочитаме многу различни теории за вештачки создаден вирус, односно вирус кој „побегнал“ од лабораторија.

Неодамна била откриена информација за плановите на американските научници и нивните колеги од Институтот за вирологија во Вухан, кои во 2018 година од DARPA побарале бесповратни средства за истражување на коронавирус.

Нивниот план бил да се помешаат геномите од различни видови вируси за да се создаде целосно нов вирус. Како што за новинарите на „Telegraph“ изјавил извор од СЗО, таквиот експеримент би резултирал со создавање на вирус каков што не постои во природата, но би бил сличен на постоечките вируси,

Изворот исто така коментирал дека доколку навистина би се применила таква метода со мешање на геномите, со тоа би можело да се објасни зошто досега во природата не е пронајден вирус сличен на вирусот SARS-CoV-2.

Видот на вирус најблизок до новиот коронавирус е оној пронајден во Лаос кој со него дели 96,8 отсто од геномите, додека пак се очекува неговиот директен претходник со вирусот SARS-CoV-2 да дели 99,98 отсто од геномите, а таков вид досега не е пронајден, објаснил експертот кој сакал да остане анонимен, за британскиот медиум.

Причината поради која научниците би сакале да направат таков вирус е што сакале да пронајдат „идеален“ просечен коронавирус против кој би можело да се направи вакцина која потоа би можела да се применува на сите видови на коронавирусот.

Барањето за бесповратни средства било одбиено, а базата на податоци со видовите вируси од Институтот за вирологија во Вухан е отстранета од интернет пред 18 месеци, така што невозможно е да се провери што се случувало таму и какви тестови се правеле.

Научнциите кои работеле во институцијата тврдат дека никогаш не се обиделе сами да создадат нов вид на коронавирус во своите лаборатории,, а „Daily Mail“потсетува дека и САД финансирале слично истражување со коронавирус и лилјаци.