Нарачките за комплети за PCR тестови се зголемиле во кинеската провинција Хубеи, од каде се прошири COVID-19, седум месеци пред првиот пријавен случај.
Ова се податоците добиени од истражувањето на организацијата Internet 2-0.
Според нивното истражување, Вирунолошкиот институт Вухан, Универзитетот за наука и технологија Вухан, Институтот за сточарство и ветеринарна медицина Хубеи со седиште во Академијата за земјоделски науки Хубеи и Центарот за контрола и превенција на болести Хубеи беа некои од институциите кои од мај, 2019 направиле невообичаено големи нарачки на PCR тестови.
Ова е само еден од доказите дека Кина се обиде да го прикрие почетокот на ширењето на епидемијата, која подоцна се прошири на целиот свет. Исто така е познато дека траги од COVID-19 се пронајдени во европските примероци на крв земени пред болеста да биде пријавена во Светската здравствена организација, пишува Daily Mail.
Откриени нови докази
Во меѓувреме, Кина ги задржа доказите за потеклото на вирусот, што ја натера СЗО поодетално да ги испита сите настани поврзани со појавата на пандемијата.
Американско-австралиските истражувачи открија нови докази преку пребарување на податоци за нарачки за PCR тестови во Кина во текот на 2019 година.
Потрошувачката на комплети за PCR тестови во провинцијата Хубеи се удвоила од 5,7 милиони долари во 2018 година на 10,4 милиони долари во 2019 година. Нарачките почнаа да растат во мај 2019 година, и достигнаа врв во јули истата година.
Вирусот веќе се проширил летото 2019 година?
„Врз основа на анализираните документи, дојдовме до заклучок дека постои голема веројатност вирусот да се проширил низ кинески Вухан уште летото 2019 година, и дефинитивно бил присутен таму во есента 2019 година“, се наведува во извештајот на Internet 2-0.
Меѓутоа, други истражувачи се на мислење дека е невозможно да се заклучи зошто PCR тестовите се купени само од податоците достапни на интернет.
Акира Игата, вонреден професор на Високата бизнис школа Тама во Токио, рече дека се работи за „моќна информација за тврдењето дека има информации за појава на вирусот во Вухан неколку месеци, па дури и половина година пред декември 2019 година“.
„Овој извештај може да биде поттик за земјите повторно да побараат информации од Кина за тоа што се случи“, додаде тој.
PCR тестовите се развиени во 1983 година
PCR тестовите беа развиени во 1983 година, и покрај за тестирање за COVID-19, тие се користат и за тестирање на други болести, вклучувајќи ХИВ, туберкулоза, голема кашлица и разни вирусни заболувања.
Кина го пријави првиот случај на пневмонија од „непознато потекло“ во Вухан до Светската здравствена организација на 31 декември 2019 година и достави генетски податоци за таа болест на 5 јануари 2020 година. Дури на 11 јануари го пријавија првиот смртен случај. Предупредување за ширење на инфекцијата беше испратено од Кина дури на 20 јануари.
Извор: B92.net
Поврзани артикли