Иновативните пристапи кон алтернативните производи за пушење, штетите предизвикани од согорувањето на тутунот и спречувањето на голем број болести предизвикани од пушењето, беа во центарот на 4-от Научен самит за намалување на штетите од тутунот, одржан во Грција.
Воведувањето на нови иновативни производи кои не го согоруваат тутунот може да ги зголеми напорите за подобрување на јавното здравје, додека потребата да се пристапи кон иновациите, во контекст на поширока соработка помеѓу сите засегнати страни би требало да има ефект врз намалувањето на штетните ефекти од пушењето. Овие теми беа во фокусот на четвртото издание наНаучниот самит за намалување на штетите од тутунот: „Нови производи, истражувања и регулативи“, што се одржа во Грција.
Во дискусијата за „Трансформацијата на тутунската индустрија преку иновации“ беше истакнато дека ова е процес испреплетен со промените во светот околу нас. Д-р Жизел Бејкер, Потпретседател за глобален научен ангажман во компанијата Филип Морис Интернешнл зборуваше за важноста на науката, технологијата и иновациите. Таа истакна дека последиците од пушењето конвенционални цигари и болестите поврзани со пушењето го започнаа патувањето кон трансформација на тутунската индустрија.
„Иновациите создадоа нови производи што ни овозможуваат да им помагаме на пушачите, давајќи им избор што не постоел порано“, рече д-р Бејкер, осврнувајќи се на односот „пушачи-непушачи“ како единствени насоки. Како што објасни, со користење на овие иновативни производи, пушачите се заштитетни од претерано штетните состојки, а на тој начин се подобрува јавното здравје.
Д-р Бејкер истакна дека тутунските алтернативи овозможуваат внес на никотин, но со значително пониско ниво на токсични супстанции и потрошувачите се повеќе се насочуваат кон електронските цигари. „Овие производи имаат потенцијал значително да влијаат врз јавното здравје, што ги води луѓето до помалку штетни алтернативи, намалувајќи ги обемот на болестите поврзани со пушењето“.
Според зборовите на Д-р Бејкер, целта е континуирано да се подобрува ефикасноста на овие производи, подобрувајќи ја иновативноста и многукратно зголемувајќи ја нивната перспектива, преку соработката на сите вклучени во процесот, бидејќи „колку побрзо одиме напред, толку повеќе се оддалечуваме од пушењето и неговите негативни ефекти по здравјето“.
Според неа, регулативите и правните рамки не се движат со исто темпо како иновациите. „Ги променивме податоците и успеавме во трансформацијата, но фразеологијата и дебатата околу ова прашање остануваат исти. Продолжуваме да ја користиме истата терминологија, поставувајќи го како единствена цел откажувањето од пушењето. Од друга страна, науката околу развојот на алтернативни производи мора да продолжи со исто темпо“, нагласи Бејкер.