Motorola го подготвува Moto G31, а телефонот ќе има камера од 50MP на задната страна. Ова го откриваат фотографии од NCC сертификатот. Има уште два камера сензори, но нивната функција се уште не е позната.
Фотографирана е и батеријата на уредот, а се работи за 5000mAh Li-Po ќелија, додека пакувањето ќе вклучува полнач од 10W. Адаптерот се поврзува со телефонот преку USB-A to C кабел. Телефонот ќе има и 3.5 милиметарски приклучок.
Moto G31 е сертификуван со 4G поддршка, а поддржува и Wi-Fi 5 (ac). Сензорот за отпечатоци веројатно се наоѓа на задната страна, во логото на Motorola.
Според наводите на дојавувачите, Moto G31 ќе чини околу 210 долари. Телефонот е забележан со црна и сребрена боја. Не е познато кога Motorola ќе го претстави Moto G31.
Поврзани артикли