Ефективноста на вакцината против Ковид -19 на производителот „Фајзер и Бионтек“ се намалува на 47 проценти од 88 проценти, шест месеци по втората доза, укажуваат податоците на американските здравствени агенции.
Податоците, кои беа објавени вчера во медицинското списание „Лансет“, првично беа објавени во август пред експертската ревизија. Анализата покажа дека ефективноста на вакцината во спречувањето на хоспитализација и смрт од коронавирус останува висока на 90 проценти најмалку шест месеци, дури и против многу заразниот делта-сој на коронавирусот.
Истражувачите ги проучуваа електронските здравствени досиеја на приближно 3,4 милиони луѓе во Јужна Калифорнија помеѓу декември 2020 година, кога вакцината за првпат стана достапна и август 2021 година, и јасно утврдија дека вакцината е ефикасна против сите тековни варијанти на коронавирус, вклучително и делта-сојот.
Според истражувањето, ефикасноста на вакцината против делта-сојот била 93 проценти по првиот месец, а се намалила на 53 проценти по четири месеци. Во споредба со другите варијанти на коронавирус, ефикасноста паднала од 97 проценти на 67 проценти. Американската администрација за храна и лекови ја одобри употребата на третата доза од вакцината „Фајзер и Бионтек“ за постари лица и оние со висок ризик од инфекција.
Поврзани артикли