Во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА ќе се оддржи Game Jam Plus, интернационален натпревар за развивање на игри во траење од 7 месеца. Настанот има 4 фази и ќе започне во петок, 8-ми Октомври. Натпреварот ќе се одвива on-line, учеството е бесплатно, а регистрацијата може да се направи на страната на Eventbrite на следниот линк:  https://www.eventbrite.com/e/macedonia-gj-2122-tickets-169166731247?aff=ebdssbonlinesearch&keep_tld=1

Game Jam настаните се вид на хакатони на кои земаат учество професионалци од сферата на ИТ и дигиталните уметности, студенти и ентузијасти кои ги интересираат дигиталните игри. На настанот тие работат во тимови и според зададена тема разработуваат идеја и создаваат прототип на дигитална игра. МАГДА има 9-годишно искуство во организирање на game jam настани, како и конференции и обуки за развивање на дигитални игри, вклучително и Global Game Jam настанот.

Game Jam Plus (GJ+) натпреварот потекнува од Бразил и 2021/22 е негово 6-то издание. Секоја година се проширува во нови земји и веќе се организира на сите континенти. Ако game jam настаните вообичаено се 48-часовни марaтони за развивање на игри, тогаш GJ+ е хипер маратон, поради што го носи и името Game Development World Cup. Натпреварот кој трае 7 месеци е поделен следните 4 фази:

  • 1st STAGE – game jam на локално ниво, во тек на викендот 8-10 Октомври 2021г.
  • 2nd STAGE – акцелераторска фаза за најдобрите игри од првата фаза. Тимовите работат заедно со ментори – професионалци од интернационални компании. Се одвива во тек на 3 месеца од Ноември 2021 г. до Јануари 2022 г.
  • 3rd STAGE – Февруари 2022 г. кога се оддржуваат 5 големи настани за избор на најдобри игри на ниво на континент.
  • 4th STAGE – Мај 2022 г., големо финале во кое учествуваат 2 игри од секој континент.

Овој на прв поглед амбициозен проект, е наменет пред сѐ за да им овозможи на студија и тимови од различни земји да се претстават интернационално, да се сретнат со колеги, ментори, инвеститори и продуценти, како и да добијат бизнис и маркетинг поддршка.

Во изминатите години на game jam настаните што МАГДА ги организраше видовме голем број на извонредни идеи и прототипи на игри. Доколку тимовите би продолжиле да работат на нив има реална шанса да се добијат квалитетни производи, привлечни за продуцентите и инвеститорите. Точно тоа и сакаме да го постигнеме со учеството на Game Jam Plus. Тука може да се пријави секој кој сака да се дружи и да развива игри, но се надеваме да се пријават и амбициозни тимови кои би биле забележани на европско ниво, и уште подобро да се пласираат на светското финале.

Дополнителна информација за настанот може да најдете нa нашиот Facebook настан и Facebook страница

https://www.facebook.com/events/207733804704034
https://www.facebook.com/MAGDA.Macedonia

Ова е официјалната интернет страница на глобалниот настан: Home | GameJam+ (gamejamplus.com)