Првпат во светот, американските научници во четвртокот управувале со океански беспилотен дрон опремен со камера кој изгледа како роботска даска за сурфање и тоа среде океан од четврта категорија кој поминал преку Атлантскиот океан.
Впечатливите снимки кои ги објавила националната управа за океани и атмосфера (NOAA) покажала како малиот уред се бори со 15 метри високите бранови и ветровите со брзина од 190 км/ч. во внатрешноста на ураганот Сам. На снимката се гледа и темното небо, но и брановите кои го „отфрлуваат“ дронот.
Дронот, придвижен и од ветрот има посебно дизајнирано крило за урагани кое овозможува да издржи тешки услови во средиштето на ураганот додека собира податоци за на научниците да им помогне да научат повеќе за една од најразорните сили на Земјата.
Дронот исто така може да мери брзина и насока на ветрот, барометарски притисок, температура, влажност и уште многу други работи.
Целта на проектот е разбирање на физичките процеси за подобро да се предвидат тие екстремни климатски настани..
„Очекуваме подобрување на моделот предвиден за брз интензивен ураган“, изјавил Грег Фолтз, научник од NOAA.
Исто така научниците предупредиле на климатските промени кои ги загреваат океаните и ги прават помоќни што претставува поголем ризик за крајбрежната заедница.