Линијата Xiaomi Redmi Note 10 линијата ја сочинуваат најмалку осум уреди, а сега им се придружува уште еден модел. Redmi Note 10 Lite е официјализиран во Индија, а всушност се работи за поинакво име за Redmi Note 9 Pro, што беше објавен претходно. Единствената разлика е во тоа што Note 10 Lite е достапен во две нови бои – Aurora Blue и Champagne Gold.
Сето ова значи дека Redmi Note 10 Lite користи Snapdragon 720G чипсет, со 4GB или 6GB RAM меморија и избор помеѓу 64GB и 128GB простор за складирање.
Главната камера на задната страна има сензор од 48MP, а тука е и 8MP ултрашироката камера. Телефонот го напојува 5020mAh батерија со поддршка за полнење од 18W, има MIUI 12 интерфејс и троен слот за microSD и две nanoSIM картички.
Redmi Note 10 Lite ќе се најде во продажба од 2. октомври, по почетна цена од околу 190 долари за моделот 4GB/64 GB. Најмоќната верзија (6GB/128GB) чини околу 230 долари.
Поврзани артикли